Меѓународна конференција, публиканциi и голем број активности од нашите грантисти |
|
|
Грантовата шема: 6 месеци исполнети со активности и позитивни практики12 грантисти на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија" веќе половина година активно ги спроведуваат своите проекти во соработка со локалните власти. Во првите шест месеци беа спроведени повеќе од 50 активности, во 12 заедници со директно учество на повеќе од 1000 граѓани, преставници на локалните самоуправи, членови на невладини организации, млади и возрасни. |
|
|
Промоција на две публикации за соработката помеѓу општините и граѓанскиот секторДве публикации за соработката помеѓу општините и граѓанскиот сектор беа промовирани за време на меѓународната конференција „Европска интеграција низ перспективата на соработка меѓу граѓанските здруженија и локалните власти" организирана на 6 и 7 ноември 2018 година од страна на Европското Движење на Република Македонија и Европската асоцијација за локална демократија - АЛДА Скопје, во рамки на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија" поддржана од ИПА програмата... |
|
|
Граѓанските организации и локалните власти заедно кон ЕвропаНа 6 и 7 ноември 2018 година во Големата сала на Совет на Град Скопје ќе се одржи меѓународната конференција „Европска интеграција низ перспективата на соработка меѓу граѓанските здруженија и локалните власти" организирана од страна на Европското Движење на Република Македонија и Европската асоцијација за локална демократија - АЛДА Скопје во рамките на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија". |
|
|
Усвоена Локалната младинска стратегија на Општина КрушевоНа 31.10.2018 год. во Општина Крушево, како резултат на напорната и неуморна работа на Младинскиот Совет, Општината како и членовите на работната група, беше усвоена Локалната младинска стратегија на Општина Крушево и двегодишниот акционен план. |
|
|
Едукативни обуки во Градско: Возење велосипед во урбани срединиНа ден 01.11.2018 година во рамки на проектот "Кампања за создавање на позитивни животни практики, здрави навики и вредности!" во Општина Градско децата од ООУ Даме Груев имаа можност да бидат дел од кратка обука за приоритетите за возење велосипед во урбани средини, но и можните опасности кои се појавуваат со тоа што сите велосипедисти стануваат активни учесници во сообраќајот. |
|
|
Дебата за регрантирањеНа 30 октомври 2018 година, во хотелот Стоун Бриџ во Скопје, Македонскиот центар за меѓународна соработка, во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар организираше дебата посветена на регрантирањето, научените лекции, перспективи и предизивици. Дебатата имаше за цел споделување на регионални и национални искуства, практики и научени лекции од регрантирањето како механизам за поддршка на помалите граѓански организации. |
|
|
Граѓански форум во Старо НагоричанеНа 8 октомври 2018 година, Рурална коалиција во рамките на проектот "Локалната заедница и општината заеднички ја креираат стратегијата за локален економски развој" го организираше првиот граѓански форум во општина Старо Нагоричане. Форумот беше можност да се дискутира за започнување и креирање на стратегија која ќе го помогне локалниот економски развој на општината. |
|
|
Проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ е финансиран од Европската унија преку ИПА програмата за граѓанско општество и медиуми. Проектот се имплементира од страна на Европската асоцијација за локална демократија - АЛДА Скопје, Здружението на финансиските работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Европското движење. |
|
|
Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија |
|
|
|
|