Информатор бр. 9                                                                         

Третата година започна со полна пареа: завршни активности на грантистите, панели и форуми на локално ниво

Локалната демократија: можност за развој и вмрежување

Проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија" се придружи на локалните организации и бизниси на Саемот за вработување и кариера на Универзитетот ФОН на 17 април 2019 година. Проектот и неговите локални активности беа презентирани на учесниците на саемот и на минувачите од страна на преставниците на АЛДА Скопје, кои ги споделија можностите за соработка помеѓу локалната самоуправа и граѓанскиот сектор, дискутираа како оваа соработка може да допринесе кон локален...

Југо-источниот плански регион и Европските иницијативи во насока на локалниот развој

На 29 март 2019 година, во Дојран се одржа четвртата панел дискусија од серијата панели организирани од страна на Европското движење во рамките на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија". Панелот насловен „ Европските интеграции во развојните преспективи на Југо-источниот планиски регион" ги обедини чинителите од регион во плодна дискусија за локалниот развој.

Успешно завршен проектот Жителите на Шарпланинските села и граѓанските организации во взаемна соработка

Планинарскиот клуб "Љуботен" на 25.02.2019 година во Тетово го одржа завршниот настан на проектот "Жителите на Шарпланинските села и граѓанските организации со заедничка соработка за придонес во развојот на планинскиот туризам во руралните средини на Општина Тетово".

Референдум на локално ниво: реалност или фикција?

Институтот за стратешки истражувања и едукација - ИСИЕ, ги заокружи активностите на својот проект „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации за остварување на правата на граѓаните за референдум на локално ниво" со промоција на студијата „Како до поттикнување на непосредно учество на граѓаните за прашања од локален интерес" на 26 февруари, 2019 година.

Соработка меѓу граѓанскиот сектор и локалната самоуправа: поттик за стратешки развој

Рурална коалиција и Општина Старо Нагоричане ја презентираа Стратегијата за локален економски развој на Општина Старо Нагоричане на 20.02.2019 година во просториите на општината. Како партнери на проектот "Локалната заедница и жителите заеднички ја креираат стратегијата за локален економски развој", заедно работеа на изработката на стратегијата една година претходно вклучувајќи ги во процесот сите засегнати страни и локални чинители.

Ко- менаџмент телото започнува со работа : Креирање на Деловник и Мониторинг план

По официјалното формирање на ко-менаџмент телото за следење на имплементацијата на Стратегијата за млади, на 19 февруари, 2019 година во Oпштина Крушево се одржа работилница за креирање на документи за работа на телото, односно креирање на Деловник и мониторинг план, во рамки на проектот „Креирање на Локална Младинска стратегија во општина Крушево".

Усвоени Локалните Акциони Планови за лицата со попреченост

Усвојувањето на засебните стратегии насловени како „Локален Акционен План за лица со инвалидност" е главниот резултат во рамките на активностите на Здружението на лица со церебрална парализа - Велес, при спроведување на проектот „Стратегија за лица со инвалидност-ЛАПЛИ".

"Преку рурален развој до урбана благосостојба"- организирана панел дискусија во Тетово

На ден 07.02.2019 година во Општина Тетово се одржа панел дискусијата "Полошки плански регион низ Европска перспектива: Преку рурален развој до урбана благосостојба" организирана од страна на Европско движење во Македонија во соработка со Општина Тетово во рамки на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија".

Усвоена стратегијата за локален економски развој на општина Старо Нагоричане

Во јануари 2019 година, на седница на Советот на Општина Старо Нагоричане, беше усвоена стратегијата за локален економски развој на Општина Старо Нагорчане која се однесува на периодот 2019- 20223 година. Усвојувањето на стратегијата произлезе како резултат од спроведените активности во рамки на проектот „Локалната заедница и општината заеднички ја креираат стратегијата за локален економски развој!".

Сите спроведени активности

Проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ е финансиран од Европската унија преку ИПА програмата за граѓанско општество и медиуми. Проектот се имплементира од страна на Европската асоцијација за локална демократија - АЛДА Скопје, Здружението на финансиските работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Европското движење.

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија

Partizanski odredi, 43B/1-5, Skopje +38926091060
+38926091060

Share on social

Share on FacebookShare on X (Twitter)Share on Pinterest

Read more  
This email was created with Wix.‌ Discover More