Информатор бр. 10                                                                         

Партнерства и споделени добри практики: клучни за локалниот развој

Средба на партнерите во Велес

Здружението на финансиски работници на локалните самоуправи и јавни претпријатија на 5 јули 2019 година во Велес, ја организираше редовната средба на партнери на проектот. Еднодневната средба беше можност да се направи кратка евалуација на досегашните спроведени активности и план за имплементација за останатите активности.

Форумот потврди дека партнерството е клучно за локалната демократија!

Форумот „Партнерството е клучно за локалната демократија: Нови начини на соработка помеѓу локалните власти и граѓанскиот сектор" се одржа на 11 и 12 јуни 2019 година во Скопје. На настанот учествуваа повеќе од 80 учесници и панелисти од различни сектори и разноврсни работни средини од Северна Македонија, Балканот и ЕУ.

Форум: Партнерството е клучно за локалната демократија: Нови начини на соработка помеѓу локалните власти и граѓанскиот сектор

Форумот „Партнерството е клучно за локалната демократија: Нови начини на соработка помеѓу локалните власти и граѓанскиот сектор" организиран од страна на Европска асоцијација за локална демократија - АЛДА Скопје ќе се одвива на 11 и 12 јуни 2019 година во хотел „Бест Вестерн" во Скопје.

Редовна средба на партнерите

Партнерите на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија" се состанаа на 22.05.2019 година во канцеларијата на АЛДА Скопје. Оваа редовна средба имаше за цел, преставниците на АЛДА Скопје, Европско движење и Асоцијација на финансиски работници да се координираат и да се подготват за идните активности предвидени од проектот.

Европска недела за граѓаните во Каен

Европската асоцијација на агенции за локална демократија - АЛДА, во рамките на своетот годишно генерално собрание, ја организираше Европската недела за граѓаните во градот Каен во Франција. Низа настани беа одржани во период од 15 до 17 мај 2019 год. на кои беа претставени различните проекти кои ги спреведува АЛДА и нејзината канцеларија во Скопје.

Локална демократија : поттик за активно учество на младите

АЛДА Скопје имаше можност да се претстави на студентскиот саем во рамите на седмото издание на настанот „Станица: Студентска" одржан на 23 април 2019 год. на Правниот факултет во Скопје и организиран од Младинскиот образовен форум. Повеќе од триесет организации имаа можност да ги презентираат своите проекти и активности пред многубројната млада публика.

Сите спроведени активности

Проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ е финансиран од Европската унија преку ИПА програмата за граѓанско општество и медиуми. Проектот се имплементира од страна на Европската асоцијација за локална демократија - АЛДА Скопје, Здружението на финансиските работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Европското движење.

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија

Partizanski odredi, 43B/1-5, Skopje +38926091060
+38926091060

Share on social

Share on FacebookShare on X (Twitter)Share on Pinterest

Read more  
This email was created with Wix.‌ Discover More