Newsletter 4                                                                                

Грантистите ги спроведуваат проектите

Реализирана третата обука за организациите во регрантовата шема

На 10 мај 2018 година се одржа третата обука за претставниците од организациите наградени во регрантовата шема во проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија". Проектот предвидува ре-грантова шема за финансиска поддршка на мали проекти спроведени од граѓански организации.

Спроведена четвртата обука за грантистите

На 18 мај 2018 година се одржа четвртата обука за претставниците од организациите наградени во регрантовата шема во проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија". Проектот предвидува ре-грантова шема за финансиска поддршка на мали проекти спроведени од граѓански организации.

Работилница спроведена од страна на „НОВУС" како дел од регрантираните проекти

На 26 јуни 2018 година беше одржана работилницата „Партиципативна демократија" во Струмица од страна на Здружението на граѓани Центар за истражување и анализи „НОВУС", една од грантираните организации во рамки на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија".

Кампања за создавање на позитивни животни практики, навики и вредности

Во рамките на проектот „Кампања за создавање на позитивни животни практики, здрави навики и вредности!" каде носител е ЗГ Велес Бајкинг, на почетокот на јуни 30-на деца на возраст од 8-12 години имаа несекојдневно позитивно искуство - возеа велосипед надвор од урбаните средини.

Интернет-страницата „Референдум" пуштена во употреба

Интернет-страницата „Референдум" беше пуштена во употреба. Таа беше направена во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации за остварување на правата на граѓаните за референдум на локално ниво". „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации за остварување на правата на граѓаните за референдум на локално ниво" претставува 12-месечен проект на Институтот за стратешки истражувања и едукација (ИСИЕ) од Скопје кој ќе биде имплементиран во периодот од март 2018...

Спроведени две фокус групи во општина Крушево

На 19.07.2018 и 20.07.2018 година се спроведоа две фокус групи во с.Бучин и с.Норово, дел од процесот Анализа на потребите на младите во општина Крушево во состав на проектот „Креирање на Локална Младинска стратегија во општина Крушево" на Младинскиот совет во Прилеп.

Прва тркалезна маса на Агролидер во Крушево

Локалната акциона група - Агро Лидер на 27 јули 2018 година, со почеток во 12:30 часот, ја организираше првата тркалезна маса во општина Крушево. Тркалезните маси се дел од активностите од проектот „Здружени за доброто на заедницата".

Две публикации достапни за преземање

На официјалната интернет-страница на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија" се достапни публикации за преземање поврзани со темата на проектот. Достапни се истражувањата „Користење на ЕУ фондовите од страна на општините во Република Македонија" и „Учество на граѓанските организации во прекуграничната соработка", спроведени од Европската асоцијација за локална демократија - АЛДА Скопје.

Сите спроведени активности

Проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ е финансиран од Европската унија преку ИПА програмата за граѓанско општество и медиуми. Проектот се имплементира од страна на Европската асоцијација за локална демократија - АЛДА Скопје, Здружението на финансиските работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Европското движење.

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија

Partizanski odredi, 43B/1-5, Skopje +38926091060
+38926091060

Share on social

Share on FacebookShare on X (Twitter)Share on Pinterest

Read more  
This email was created with Wix.‌ Discover More