Последните активности на проектот: Додадена вредност за локалната демократија |
|
|
Со информаторот бр. 12 ги заокружуваме активностите на нашиот проект Граѓанските организации во служба на локалната демократија. Нашата страница lokalnademokratija.mk и профилите на социјалните мрежи ќе продолжат со споделување на информации како за проектот, така и за различни вести на тема локална демократија во нашата земја. Продолжете да нè следите! |
|
|
Локалната демократија: практика на развиеното општествоЗавршната конференција „Локалната демократија - идеал или практика" на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија" се оддржа на 22 јануари 2020 година во Скопје.Над 70 претставници од граѓанските организации и локалната самоуправа имаа можност да се запознаат со спроведените активности на проектот, како и нивните резултати и достигнувања.Конференцијата беше отворена од страна на претседателот на АЛДА, Ориано Оточан и заменикот министер за локална самоуправа Дејан... |
|
|
Иницирана мрежа за локална демократијаНа 15 јануари 2020 година во Скопје се одржа средба на партнерите и грантистите во рамките проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија". Претставници од 12 партнер организации земаа учество на настанот со цел да ги претстават резултатите од нивните проекти, нивните позитивни искуства и предизвици како и да се направи заедничка евалуација на регрантовата шема и самиот проект. |
|
|
Одржана последната средба на партнерите на проектотНа 10 јануари 2020 година во Велес се одржа последната средба на тимот на партнерите на проектот. На состанок се дискутираа резултатите и имплементацијата на активностите во изминатите 36 месеци. Проектните партнери ги споделија искуствата од реализацијата на тригодишниот проект и предизвиците со кои се соочија за време на неговата имплементација. |
|
|
Обука за Алатки за локална демократија и партиципативно буџетирањеНа 23 и 24 декември, 2019 година во Охрид се одржа обуката „Алатки за локална демократија и партиципативно буџетирање" која имаше за цел зајакнување на капацитетите на општините и граѓанските организации, размена на мислења и ставови за улогата на двете страни во практикувањето на локалната демократија, како и интензивирање на меѓусебната соработка. |
|
|
Форуми во Кавадарци и ДебарЗдружението на финансиски работници од локалната самоуправа и јавните претпријатија во соработка со Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) - Скопје и Европското движење (ЕД), реализираше два форуми на тема: „Финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти" во Кавадарци и Дебар. |
|
|
Обука Проектен циклус и ЕУ фондови организирана во СкопјеНа 16 и 17 декември во Скопје се одржа обуката „Раководење со проектен циклус и ЕУ фондови" која имаше за цел зајакнување на капацитетите на организациите и општините. Учесниците има можност да се запознаат со различните аспекти потребни на организациите и општините при аплицирање и спроведување на проекти. |
|
|
Охрид и Југозападниот регион како значајни фактори во евроинтегративниот процесЕвропското движење во Република Северна Македонија (ЕМ-МК) на 10.12.2019, во Охрид организираше панел дискусијата на тема „ Евроинтеграциските процеси во развојните перспективи на општина Охрид и Југозападниот плански регион: Туризмот и културното наследство како значајни фактори во евроинтегративниот процес ". Настанот е дел од програмата на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократијата". |
|
|
Проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ е финансиран од Европската унија преку ИПА програмата за граѓанско општество и медиуми. Проектот се имплементира од страна на Европската асоцијација за локална демократија - АЛДА Скопје, Здружението на финансиските работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Европското движење. |
|
|
Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија |
|
|
|
|