Информатор бр. 11                                                                       

Заклучоци, препораки и можности за споделување на нашата приказна

Децентрализацијата како клуч за регионалниот развој

На 29 Октомври, во просториите на Советот на Општина Чаир се одржа Панел Дискусија насловена „Децентрализацијата како клуч за регионалниот развој". Панел дискусијата ја отвори Марија Вељовска - Кондовска од Генерален секретар на Европско Движење, која даде воведни согледувања на клучните прашања поврзани со оваа материја. Како прв говорник од панелистите, збор зема Г.

Иновативни финансиски инстументи за локална самоуправа

Од 21 до 23 октомври 2019 година во Лисабон се одржа меѓународна конференција на тема „Иновативни и одржливи финансиски инстрименти за локална самоуправа" на која учествуваа претставници од АЛДА Скопје и општина Центар.

Панел дискусија на тема Децентрализација во Општина Чаир

Европското движење во Република Северна Македонија (ЕДМК) во соработка со Министерстовот за локална самоуправа и Општина Чаир организира панел дискусијата насловена: „Децентрализацијата како клуч за регионалниот развој во Република Северна Македонија" на 29.10.2019 година во Оштина Чаир. Настанот е дел од програмата на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократијата".

Заклучоци и препораки : Партнерството е клучно за локалната демократија

Пристигнаа заклучоците и препораките кои призлегоа од Форумот „Партнерството е клучно за локалната демократија: Нови начини на соработка помеѓу локалните власти и граѓанскиот сектор". Во овој документ се претставени добрите практики на панелистите кои беа дел од настанот, како и нивните предлози и совети. Докуменот на македонски и англиски јазик можете да го превземете подолу.

#Локална демократија на "Ден на граѓанските организации" во Скопје

Во насока на создавање на поволна средина за граѓанскиот сектор и интерактивно катче за граѓаните да можат да се сретнат со граѓанските организации, Цивика Мобилитас и Македонскиот Центар за Меѓународна Соработка (МЦМС) организираа по втор пат, ден на Граѓанските организации во Скопје, на 14 септември 2019 година, во паркот Ибни Пајко и на плоштадот Скендербег.

Да се потсетиме на нашите претходни активности!

Европеизација на локалните средини

Европеизација на локалните средини - извештај од меѓународната конференција "Европеизацијата на локалните средини значи демократизација и децентрализација т.е. вклучувањее на граѓаните во процесот на одлучување". Ова е една од препораките од меѓународната конференција "Европска интеграција низ перспективата на соработка меѓу граѓанските здруженија и локалните власти" која се одржа во ноември 2018 година.

Сите спроведени активности

Проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ е финансиран од Европската унија преку ИПА програмата за граѓанско општество и медиуми. Проектот се имплементира од страна на Европската асоцијација за локална демократија - АЛДА Скопје, Здружението на финансиските работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Европското движење.

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија

Partizanski odredi, 43B/1-5, Skopje +38926091060
+38926091060

Share on social

Share on FacebookShare on X (Twitter)Share on Pinterest

Read more  
This email was created with Wix.‌ Discover More