Newsletter 7                                                                           

Последните активности за 2018 година: Форуми, локални стратегии и панел дискусии

Форуми на тема Финанска и нефинансиска поддршка на граѓанските организации од локалните власти

Здружението на финансиски работници на локална самоуправа и јавни претпријатија - Велес од 05.12- 14.12.2018 година организира пет регионални форуми во Скопје (Скопски плански регион), Битола (Пелагониски плански регион), Кочани (Источен плански регион), Струга (Југозападен плански регион) и Велес (Вардарски плански регион) на тема „Финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти - состојби, можности и предизвици" како дел од проектот „Граѓански...

Стратегија за локален економски развој- Презентација и дискусија

На 05.12.2018 година во Старо Нагоричане се одржа тркалезна маса на која што присуствуваа претставници на институции од областа на здравството, социјалната заштита, Општината и локалниот бизнис секор со цел разгледување и дискусија на стратегијата за локален економски развој како дел од проектот "Локалната заедница и општината заеднички ја креираат стратегијата за локален економски развој".

Kонференција за промоција на локалната младинска стратегија во Општина Крушево

На 06.12.2018 година, во Крушево, во рамки на проектот „Креирање на Локална Младинска стратегија во општина Крушево", Младински Совет Прилеп во соработка со Општина Крушево и Советот на млади во општина Крушево го одржаа последниот настан за промоција на локалната младинска стратегија, која што беше официјално усвоена од советот на Општина Крушево на 31.10.2018 година.

Форуми за дефинирање на приоритети за претстојната година во Општина Пехчево

Од октомври до ноември 2018 год. како дел од проектот "Заедно за развој на општината" имплементиран од страна на Здружението за лековити билки и шумски плодови "Амброзија" во партнерство со Општина Пехчево се одржаа три форуми на кои присуствуваа претставици од локалната власт, невладиниот и бизнис секторот како и месните заедници.

Организиран првиот форум посветен на граѓанските организации

На 05.12.2018 година, во хотел „Континентал", Скопје се одржа првиот форум посветен на граѓанските организации, насловен "Финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти- состојби, можности и предизвици". Овој настан е прв од серија на 8 настани кои ќе бидат организирани во повеќе градови во Македонија.

Панел дискусија на тема Европски интеграции во Берово

На 30.11.2018 год. во хотел "Манастир", Берово Европското движење во Република Македонија (ЕДРМ) во соработка со општината Берово и други граѓански здруженија одржа панел дискусија на тема: "Европските интеграции во развојните перспективи на Општина Берово и Источниот плански регион".

Сите спроведени активности

Проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ е финансиран од Европската унија преку ИПА програмата за граѓанско општество и медиуми. Проектот се имплементира од страна на Европската асоцијација за локална демократија - АЛДА Скопје, Здружението на финансиските работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Европското движење.

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија

Partizanski odredi, 43B/1-5, Skopje +38926091060
+38926091060

Share on social

Share on FacebookShare on X (Twitter)Share on Pinterest

Read more  
This email was created with Wix.‌ Discover More